Сараево е центар на филмската уметност: Мето Јовановски не ја дочека премиерата на „Павилјон“

Сараево цела недела е центар на филмската уметност. Се случува 31. Сараево филм фестивал, еден од најзначајните филмски гала настани во регионот, по традиција, со холивудски и регионални ѕвезди на црвениот килим. Со свечена церемонија во Народниот театар во Сараево и светската премиера на босанскохерцеговскиот филм „Павилјон“ од Дино Мустафиќ, базиран на сценарио на Виктор Иванчиќ и Емир Имамовиќ-Пирке, кој беше прикажан на осум локации во Сараево, како и во Тузла, во петокот вечер, беше отворен фестивалот. Во „Павилјон“ копродуцент е и Македонија, преку „Круг филм“, а партнери се и Хрватска, Србија и Црна Гора.
Како што велат од Агенцијата за филм на Македонија, филмот, кој започна да се снима пред две години, се одликува со исклучителна актерска екипа од целиот Балкан, па така заедно со Мето Јовановски, кој не ја дочека премиерата, (почина во номенри, 2023, на 77 години) во ова остварување играат и Раде Шербеџија, Зијах Соколовиќ, Миралем Зубчевиќ, Ксенија Пајиќ, Јасна Диклиќ, Мирјана Карановиќ, Ермин Браво и Албан Укај.
– Овој проект е уште една потврда за важноста на регионалната соработка и за активното учество на македонскиот филмски сектор на меѓународната сцена. Чест е што македонски филмски професионалци се дел од отворањето на 31. издание на Сараевскиот фестивал, со филм кој преку хумор и храброст се осврнува на општествените прашања и личната совест. Ѝ честитаме на целата екипа за овој значаен успех, велат од Агенцијата за филм.
Тој вели дека тоа е филм што ни кажува дека никогаш не е предоцна да се промени светот, а ова е особено важно во времињата што ги опишува како терор на корпоративниот капитализам. Тој се сеќава како имало приказни слични на „Павилјон“ во домовите за стари лица во Хрватска и Србија, чии жители веќе протестирале поради нехуманите услови за живот на кои биле подложени.