Со нов лет од Белград донесени гостите за ОБСЕ кои денеска не слетаа поради технички проблеми


Вечерва со специјален вонреден лет од Белград за Скопје пристигнаа патниците кои денеска беа во авионот кој поради технички проблеми се врати во Србија.

Нешто пред 19 часот, авионот на Ер Србија успешно слета на аеродромот во Скопје и ги донесе гостите за утрешниот состанокот во рамките на министерскиот состанок на ОБСЕ.

Меѓу патниците имаше голем број на новинарски екипи и делегација од Данска.

Поради технички проблеми авионот кој трбеало да слета во Скопје се вратил во Белград.

Авионот АТР 72, кој полетал во 13 часот и 25 минути од аеродромот Никола Тесла, кружел над Скопје 20 минути, по што безбедно слетал на аеродромот Никола Тесла во 15:51 часот.