Со монтажни заменети осум пунктови на „Комунална хигиена“


Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, денеска го посетија новиот пункт на Претпријатието лоциран во близина на Скопското Кале.

„Една од нашите најголеми заложби е да им обезбедиме соодветни услови за работа на вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје коишто го носат главниот терет во извршувањето на дејноста на Претпријатието и воедно секојдневно на терен се изложени на најнеповолните климатски влијанија. 

Во таа насока, осум стари дотраени пунктови лоцирани во скопските општини Аеродром, Центар, Чаир и Шуто Оризари, ги заменивме со нови монтажни објекти што ги исполнуваат сите стандарди за квалитетно извршување на работните обврски на работниците коишто ја одржуваат хигиената на јавните површини во градот Скопје.“- истакна директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.