Со мачета уби двајца во Квебек, петмина рани


 

Најмалку двајца луѓе се убиени, а уште петмина се ранети во канадскиот град Квебек во неделата вечерта, јави Би-би-си.

Полицијата ги советуваше на луѓето да останат дома откако маж облечен во средновековна облека нападна повеќе жртви. Бил вооружен со меч.

Мажот на возраст од дваесетина години е уапсен, соопшти полицијата. Полицискиот портпарол не сакаже да каже дали тој од порано ѝ е познат на полицијата.

Нападот се случи во близина на Парламент хил, историски дел на Стар Квебек. Пи фаќањето мажот е пренесен во болница.

Полицијата објави дека од почит кон жртвите нема да го објави неговиот идентитет.

Мотивот на нападот не е познат.

Новинарите на твитер пуштија фотографии од полициски возила пред парламентот.