Со ЛЕД светилки ќе се менува уличното осветлување во Карпош – тоа чини 2,4 милиони евра

Советот на општина Карпош заседаваше во рамки на редовната шеесет и втора дедница, каде советниците ги разгледуваа и полноправно одлучуваа по 35 точки која се најдоа на дневниот ред.
Советниците ја поддржаа и Предлог – Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор, за воспоставување на јавно приватно партнерство (ЈПП) за давање на услуги на јавно осветлување во општина Карпош. Во таа насока, се предвидува проценета вредност на Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на услуги на јавно осветлување да изнесува 147.470.000 денари, а договорот би имал важност на траење од 10 години, информираа од локалната самоуправа.
Според Договорот за ЈПП се предвидуваат следниве активности:
– Замена на 10.000 м подземна инсталација од постоечките 112.000 м’ (метри должни);
– Замена на 10.000 м воздушна инсталација од постоечките 44.000 м’
– Замена и одржување на 5.5м столбови, 1.230 од вкупно 4.500;
– Замена и одржување на 8м метални столбови, 20 од вкупно 550;
– Замена и одржување 8м дрвени столбови, 300 од вкупно 1.100;
– Бојадисување и означуване на сите 4.500 метални столбови;
– Означување на сите 110 дрвени столбови со метална плочка со бројки и букви;
– Сечење на гранки на околу 2.000 дрва најмалку еднаш годишно;
– Замена на светилки и тоа:
– ТИП 1 : LED интелигентна светилка со LED модули 10W + 25W и комуникатор во NEMA кутија над самиот капак, 430 парчиња;
– ТИП 2 : LED интелигентна светилка со LED модули 25W + 50W и комуникатор во NEMA кутија над самиот капак, 20 парчиња;
– Одржување систем, сервер и негово хостирање, комуникација за GSM во ормари, како и одржување на елементи во управувачкиот систем;
– Финансирање на Договорот за ЈПП од страна на приватниот партнер.