Со Home Retail Park, Голден Арт нуди нов концепт за шопинг искуство на целото семејство
Во присуство на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, започна изградбата на Home Retail Park, на површина од 35.000 м², во индустриската зона Пинтија, општина Кисела Вода.
Како прв од ваков вид во Македонија, овој Retail Park ќе биде единствена локација каде што семејствата ќе можат да пронајдат сè што им е потребно за нивниот дом на едно место.
Со вкупна инвестиција од 15 милиони евра ќе обезбеди дури 20.000 м² комерцијален простор, наменет за продавници за мебел, домашни апарати, декорации, градинарска и бањска опрема, и многу повеќе. Покрај тоа, во Home Retail Park ќе бидат сместени и кафетерии и ресторани, овозможувајќи на посетителите целосно шопинг искуство во пријатна атмосфера. Дополнително, гостите ќе имаат на располагање 600 паркинг места, што ќе овозможи удобност и лесен пристап за сите купувачи.
Со отварањето на Home Retail Park, се очекува вработување на околу 300 луѓе, што значително ќе придонесе за економскиот развој на општината Кисела Вода и пошироко.
„Home Retail Park ќе стане новиот центар за паметно купување, место каде семејствата ќе можат да го уредат својот дом на наједноставен и најудобен начин. Ова е инвестиција во иднината, во подобар начин на живеење и во развојот на локалната економија“, изјави генералниот директор на Голден Арт, Ивица Јаќимовски.
Со оваа инвестиција, Голден Арт уште еднаш се потврдува како лидер во градежната индустрија и како компанија која не само што гради домови, туку создава подобри услови за живеење и модерни трговски концепти.
Отворањето на Home Retail Park – новото омилено шопинг катче за секое семејство, се очекува да биде до крајот на 2025-та.
(Комерцијален текст)