Ослободената руска агентка Марија Бутина пристигна во Москва
Руската државјанка Марија Бутина, која лани во јули беше уапсена во САД, денеска пристигна во Москва и уште на аеродромот изрази „голема благодарност“ до сите оние кои ја поддржуваа за цело време од нејзиното заточеништво.
Бутина во САД ја отслужи затворската казна од 18 месеци за завера од инфилтрирање во политичка оргханизација со цел да изврши влијание врз конзервативните американски активисти.
Таа утринава пристигна на московскиот аеродорм Шереметјево, еден ден откако беше пуштена од затворот на Флорида, пренесоа американските медиуми.
Тасс наведува дека Бутина на аеродромот ја пречекале таткото Валериј, портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова и 50-тина новинари.
Бутина (31) требаше во ноември да биде пуштена од затворот со намелено ниво на безбедност во Талахасија, но со промена на сојузниот закон и беше овозможено да биде пуштена порано, пред се, заради добро однесување.
Марија Бутина, која призна дека е руски агент, беше уапсена во јули минатата година. Беше осудена на 18 месеци затвор заради подговтвување заговор со цел да ги промовира руските интереси во САД.