Со барикади и трактори ќе го бранат Гоце Делчев од бугарските провокатори
Бугарски граѓани на 4 февруари организирано ќе дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев. Тоа беше повод на социјалните мрежи да се повикаат граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје со цел нивно спречување.
„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските неонацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.