Со 81 глас донесен Законот за „Безбеден град“
Со 81 глас ЗА Собранието на Македонија денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоците, со што конечно треба да започне примената на системот „Безбеден град“. За усвојување беше потребно двотретинско мнозинство. Но, во меѓувреме е побарано и поединечно гласање.

Се очекуваат информации и за поединечкото гласање.

Од МВР најавуваат дека од 1 февруари 2026 година ќе започне и санкционирање на сообраќајните прекршоци, а до крајот на годината системот ќе биде проширен на целата држава.