Со 20 милиони евра, ќе се гради подземна гаража под плоштадот „Скендербег“ во Скопје


Паркинг кај Скендербег (Фото: Б. Грданоски)

Владата донесе одлука да одвои 20 милиони евра за изградба на подземна гаража под плоштадот „Скендербег“.

Овој повеќегодишен проект кој предвидува изградба на 371 паркинг-место, распоредени на две нивоа ќе се простира на повеќе од 13.000 метри квадратни. Соодветно, ќе има обезбедено места за лица со посебни потреби, рече министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, попладнево на прес-конференција.

Фото: Б. Грданоски

Со овој проект Владата сака да ги намали проблемите со паркирање на жителите на Општина Центар и Општина Чаир, како и посетителите на Старата скопска чаршија.

Меџити рече дека проектот ќе се реализира во најбрз можен рок и на транспарентен начин. 

Проектот е готов, а дозвола треба да се обезбеди Министерството за транспорт и врски. Парите се обезбедени, па тендерот наскоро ќе биде објавен, а градежните работи треба да почнат на почетокот на следната година.