Снимка од фестивалот Охрид фест в сабота на „Алфа“

В сабота (6 септември) на ТВ „Алфа“ ќе се емитува снимката од фестивалот Охрид фест- Охридски трубадури, од Интернационалната вечер која се одржа на 31 август на сцената на „Долни Сарај“.
Поради големото невреме во Охрид таа вечер, фестивалот почна еден и пол час порано, и не беше возможно да се пренесува директно на ТВ „Алфа“ како што беше најавено.

Победник на „Охрид фест“ од гласовите на публиката е словенечкиот пејач со македонско потекло Ангело. Второто место го освои Ивона Јо, а третото дуетот Дорис Димовска и Наум Бумбаровски. Дуото „Броз и марама“ го освоија првото место од жирито, второто Наталија Данаилова, а третото Саша Лазаревиќ- Кудра од Србија. Блаж Маротов ја освои наградата од новинарите. Водителка беше Марјана Станојковска.
Дадо Топиќ, Ана Петан, Срѓан Марјановиќ и Горан Наумовски беа меѓу ревијалните гости, а останатите изненадувања гледачите ќе ги погледнат утревечер на „Алфа“.