Снимањето на „Господарот на прстените“ од Нов Зеланд се сели во Велика Британија
Англија – Продукциската компанија „Амазон“ ја преместува високобуџетната продукција на новата ТВ-серија „Господарот на прстените“ од Нов Зеланд во Велика Британија.
Според компанијата, овој потег е дел од планот за проширување на својот простор и консолидација на филмската индустрија во Обединетото Кралство. „Амазон студио“ потроши 465 милиони долари за првата сезона на шоуто. Се очекува да се снимаат уште четири сезони, со што серијата ќе стане една од најскапите во историјата на телевизијата.
Фантастичната приказна на епот е сместена илјадници години пред настаните на ЏРР Толкин во „Хобит“ и „Господарот на прстените“.
Зелената природа и пространите предели на Нов Зеланд беа дом и на филовите „Господарот на прстените“ и „Хобит“ на режисерот Питер Џексон. Од „Амазон“ велат дека работата на првата сезона ќе биде завршена на Нов Зеланд пред продукцијата да се премести во Велика Британија. Прикажувањето на првата епизода е закажано за 2 септември следната 2022 година.