Снежно невреме во Словенија, под Триглав висината на снежната покривка е 1,5 метар


 Снежно невреме во текот на ноќта и утринава предизвика проблеми низ Словенија, а најмногу снег има во Кредарица кај Триглав, каде наврнаа метар и пол снег, па сега дебелината на снежната покривка на тоа место е 180 сантиметри.

Како што јави словенечката новинска агенција СТА, поради снег на некои патишта има делумен прекин на сообраќајот, а поради силно невреме затворена е и делницата од автопатот од Приморска до Љубљана, меѓу Кастелец и Козина.

Големо количество снег падна во регионите Нотрањска и Кочевско, како и во делови од централна Словенија, додека снежна покривка нема само во некои делови на Горењска, јави порталот 24ur.com.

Во главниот град Љубљана висината на снежната покривка е четири сантиметри.