Снегот не престанува да паѓа, ноќеска ќе стане лизгаво


Фото: Б. Грданоски

Снежните зимски денови го окупираа главниот град. Снегот, што од утрово непрекинато паѓа, ги забеле скопските улици.

По правило, снегот е радост за децата, а и за возрасните.

Најавите дека и во следните денови ќе паѓа снег, а од вечерва и позасилено, предизвикуваат зимска радост.

Фото: Б. Грданоски

Сепак, снегот отвора работа за градските служби, кои се задолжени да ги расчистат коловозите и патеките.

Вечерва, се забележува тенок слој од снег по речиси сите коловози во Скопје, но по правило, тие се чистат откако снегот ќе престане да паѓа.

Фото: Б. Грданоски

Утре е недела, па не се очекува многу сообраќај по градските улици, а и оние кои ќе излезат некаде со возило, треба да бидат внимателни, затоа што ниските температури предизвикуваат голомразица, а колвозите стануваат лизгави.

Утре времето ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде дополнително ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -5, а максималната и утре насекаде ќе се задржи негативна и ќе биде во интервал од -8 до -2 степена, соопштија од УХМР.

Во Скопје облачно, времето претпладне и околу пладне ќе биде со врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу -8, а максималната ќе достигне -4 степени.

Фото: Б. Грданоски

Зимската служба на Општина Карпош, утринава распрскуваше емулзиона течност на дел од повисоките места во населбите Бардовци, Жданец, Трнодол и долж улицата „Ловќенска“ во Козле, како и низ населбата Влае (кај удолницата меѓу бул. „Партизански одреди“ и ул. „Петар Чаулев“) како превенција од евентуално заледување на коловозот по најавените снежни врнежи во текот на викендот.

Во продолжение уживајте во галеријата која ја направи нашиот фотограф Борис Грданоски и внимавајте каде газите, затоа што утре, сигурно ќе биде лизгаво.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски