Снег ќе падне во јануари и во февруари


Фото: Б. Грданоски

Според најновите ажурирања на нумеричките модели, во јануари и во февруари во поголем дел од Балканскиот Полуостров, како и во Македонија ќе има врнежи од снег кој ќе бидат натпросечно високи и невообичаени за нашиот дел од континентот, информира метеорологот Славчо Попоски.

„Дури локално се очекуваат  и екстремни количества на снег, а тоа може  да се погледне и на следната метеоролошка карта: 

 

Значително помалку снег ќе има само во Хрватска  и во Словенија, а најпогодени би требало да бидат Босна и Херцеговина, Црна Гора, поголем дел од соседна Србија, Бугарија  и нашата Македонијa“ вели Попоски.