Снег ги затрупа патиштата во Хрватска


 

Поради силен ветар и снег во моментот во повеќе делови од Хрватска има забрана за движење на камиони со приколки, двокатни автобуси, тешки товарни возила и друго, а од Хрватски патишта предупредуваат да не се тргнува на пат без посебна причина.

Ова најмногу важи за регионот околу Риека, Далмација и Истра.

Затворена за сообраќај е и Јадранската магистрала од Карлобаг до Света Марија магдалена.

За денеска за цела Хрватска издаден е метеоаларм, освен за истокот на земјаѕа. Жолт аларм има поради ветар, дожд, грмотевици, а во средиштето на земјата и на северот поради снег и мраз.

На приморјето се очекувата ветришта со брзина од 145 км/ч.

Прогнозата вели дека се очекува дожд, локално обилен, а особено на Јадранот. Во горските делови снег и формирање снежна покривка со силен североисточен и северозападен ветар. Под Велебит орканска бура.

Температурата од 3-8 степени Целзиусови, а на Јадранот од 8 до 16.