Словенија в понеделник ќе прогласи состојба на епидемија

Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека в понеделник ќе биде прогласена 30-дневна епидемија, со построги мерки на национално ниво.
Владата рече дека ќе објави епидемија ако земјата помине три индикатори: 14-дневен просек од 140 случаи на 100.000 жители, 250 хоспитализации и 50 на интензивна нега.
Тоа се случува откако средните училишта веќе држат настава само онлајн, а владата побара од лекарите да ги намалат неитните медицински процедури и да ја поделат земјата во „портокалови“ и „црвени“ региони, во зависност од бројот на инфекции.
Црвените региони се соочуваат со построги мерки на корона вирус, вклучително рестораните да работат само за подигање храна и задолжително носење маска на јавно место.