Словенија со нови 175 заразени
Денеска во Словенија се тестирани 2.899 граѓани, а корона вирусот е пронајден е кај 175 луѓе, што е 6 отсто позитивни од вкупниот број тестирани.
Од последиците на инфекцијата со корона вирусот починаа две лица во последните 24 часа, соопшти владата на Словенија.
Во болница се 86 лица, а на интензивна нега се 15 пациенти.