Словенија бележи рекорди – уделот на позитивни од тестирани најголем од почетокот на пандемијата


Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се 1.663 новозаразени со корона вирусот, што е најголем удел на позитивни од тестирани од почетокот на епидемијата со Ковид-19.

Од 3.948 тестови, дури 1.663 се новозаразени или 42,1 отсто, а просечниот број на дневно откриени нови лучаи во последните седум дена изнесува 2.276, објави националниот Институт за јавно здравје.

Покрај тоа што уделот е најголем, рекорден е и бројот на активни случаи, кој изнесува 27.710. Четиринаесетдневната инциденција на заразени на 100.000 жители се искачи на 1.314.

Можен е локдаун во цела држава

Со потребните дози од вакцините досега е заштитено 53,1 отсто од населението. Бројот на пациенти со корона кои се лекуваат во болница и понатаму расте, а денеска во болница се 572 ковид-пациенти, додека на интензивна нега има 138, додека денеска починаа уште шест пациенти.

Владата најави поригорозни мерки, при што не се исклучува можноста за локдаун во моментот кога бројот на заболени на интензивните оддели ќе ја надмине критичната точка од 160 до 180 пациенти.