Словенечката опозиција бара во парламентот да се испрашаат Јанша и Пахор за новодниот нон-пејпер
Словенечките опозициски Социјалдемократи (СД) побараа седница на парламентарниот комитет за надворешна политика на која ќе бидат испрашани премиерот Јанез Јанша и претседателот Борут Пахор во врска со извештаите на медиумите во врска со наводен нон-пејпер за потенцијално прекројување на границите на Западен Балкан.
Пратеникот на СД, Матјаж Немец, објасни дека тие бараат итна седница поради различните толкувања на позициите на премиерот и претседателот. Тој рече дека Пахор веќе разјаснил во понеделникот, но опозицијата сака да им даде можност и на двајцата да ги објаснат своите ставови пред парламентарната комисија, бидејќи групата пратеници на СД гледаат на ваквите идеи со загриженост.
Овие прашања, нагласи тој, не се важни само за внатрешната политика, туку и за надворешната политика и односите со другите земји. Состанокот на комитетот за надворешна политика сака да види дали позицијата на Словенија кон Западен Балкан е променета и каква ќе биде нејзината политика наесен, кога ЕУ ќе организира самит со земјите од Западен Балкан како дел од словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.
Словенечкото Министерство за надворешни работи соопшти дека единствениот неофицијален документ за Западен Балкан до кој земја имала пристап е хрватски документ од крајот на минатата година. (Еурактив)