Словенечка групација ќе го чисти Тетово

Приватното претпријатие од Словенија ќе работи во однос на комуналниот отпад, ќе ги преземе сите активности за собирање, транспорт и депонирање на отпадот


Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со претставници на словенечката компанија од групацијата Саубермахер го потпишаа договорот за јавно приватно партнерство со кој на фирмата ѝ се отстапува стопанисувањето со отпадот.

Касами истакна дека заедно со групацијата направени се анализи и студии во однос на управувањето со отпад, поточно за собирање и депонирање.

-Должностите и обврските се веќе усогласени во договорот со кој се обврзаа двете страни. Јавното приватно партнерство предвидува сеопфатни решенија и изградени според словенечкиот модел кој се покажа многу успешен во сите градови. Се чувствувам почесен што оваа компанија го избра Тетово да стане партнер во управувањето со отпад. Од сега Тетово има еден проблем помалку, рече Касами по потпишувањето.

Претставникот на групацијата Саубермахер, Андреас Опелт рече дека имаат повеќе речиси три децениско искуство во менаџирање со отпадот во дваесетина градови во повеќе земји. Вработените ќе бидат преземени од нивната компанијата.

-Обврските кои ги презедовме, сериозно ќе ги прифатиме, и ќе видите дека наскоро менаџирањето со отпадот ќе биде унапредено со почисти улици и почиста животна средина. Знаеме дека е предизвик тука, но имаме доволно искуство за да ја подобриме состојбата на повисоко ниво, затоа учествуваме во овој проект и веруваме дека ќе донесеме за корист за граѓаните и градот. Ќе има многу работа во првите неколку години но потоа веруваме дека градот ќе биде на подобро ниво, истакна Андреа Опелт.

Предвидени се 20-тина точки со обврски на приватната фирма.

– Приватното претпријатие од Словенија ќе работи во однос на комуналниот отпад, ќе ги преземе сите активности за собирање, транспорт и депонирање на отпадот. Одржувањето на јавни површини и паркови останува во рамки на постојното јавно претпријатие. Предвидени се 20 точки обврски на приватното претпријатие. Доколку општината обезбеди механизација, тогаш партнерот има обврска да го прифати, според договорот со пазарни услови за закуп, истакна Касами,

Во одделението за комунална хигиена има околу стотина работници кои треба да бидат преземени и да работат во приватната фирма.