Словачки пратеник го загуби местото поради расизам
Членот на ултра десничарската Народна партија на наша Словачка, Милан Мазурек денеска му е одземено пратеничкото место откако Врховниот суд ја потврди пресудата за расизам кон Ромите.
Словачкиот Врховен суд ја потврди претходната пресуда дека Мазурек од Народна партија на наша Словачка во радио емисија во 2016 година изнел незаконски расистички коментари за ромската заедница.
Тој во радио емисијата зборувал за „теророт на Циганите“ и додал дека Роните „никогаш ништо не направиле за нацијата“.
Мазурек се изјасни дека не е виновен и минатата година се жалеше на пресудата,
Врховниот суд двојно му ја зголеми паричната казна на Мазурек, кој сега треба да плати 10.000 евра.
Мазурек е прв словачки пратеник кој го изгубил пратеничкото место по кривична пресуда.
Членовите на неговата група користат нацистички поздрави, ги обвинуваат Ромите за злосторства, за нив НАТО е терористичка група и сакаат Словачка да излезе од Алијансата и од Европска Унија.