Слободни 8.059 работни места во второто тримесечје


Во второто тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места е 1,62 отсто, односно нивниот број изнесува 8.059, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,33 отсто има секторот Б – Рударство и вадење на камен, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во кој изнесува 0,25 отсто.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,25 отсто.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,66 отсто.

Најголем број слободни работни места, односно 2.688, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.