Сликарски перформанс на Сергеј Андреевски во Романија


Фото: Б. Грданоски

 Во Националниот музеј Секели, во градот Сфанту Георге во Романија попладнево ќе се одржи сликарски перформанс на македонскиот сликар Сергеј Андреевски.

Целта е публиката да се доближи не само до светот на уметникот, туку и до неговата татковина, а настанот е дел од низа активности со коишто Националниот музеј Секели годинава одбележува 150 години од формирањето.

Перформансот на Сергеј ќе биде музички придружуван од Миклош Деметер, познат етнограф и изработувач на музички инструменти.

-Исклучително голема е честа што сум поканет со свој авторски печат да дадам придонес кон одбележувањето на еден значаен јубилеј во Европа, изјави  Андреевски пред патувањето во Романија.