Славески тврди дека пари за нови автобуси во буџетот на Град Скопје нема


Пари за нови автобуси нема, објави претседателот на Доветот на Град Скопје, Трајко Славески, по реакциите во јавноста околу недостигот на автобуси и неисправноста поради што има случаи на колабирани патници.  

„Три-четири месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси. Таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во Буџетот за 2024 година останавме повторно на тие предлози”, истакна пСлавески на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Тој продолжи и додаде:

„Прашањето е дали има средства предвидени во буџетот за таа намена затоа што вчера имавме комисија за ребалансот на буџетот и не беше известено дека има во ребалансот некоја промена која оди кон одвојување на средства за набавка на автобуси”, вели Славески.

Славески запраша дали има средства во буџетот предвидени за почнување на постапката за набавка на автобуси во Град Скопје, на што градоначалничката Данела Арсовска му одговори дека има „цел еден денар“ за да се отпочне.