Слаткаристика и Жељко Самарџиќ гости на концертот на Калиопи во „Борис Трајковски“


Фото: Б. Грданоски

По фантастичните концерти летово на Хераклеа во Битола и на Антички во Охрид, Калиопи, денес на доручек дружење ги покани новинарите пред концертот во „Борис Трајковски“ в сабота, на 19 октомври, за прв пат во оваа сала, во организација на „Прагма продукција“,  со што ги заокружува настапите во Македонија и продолжува во регионот. 

Фото: Б. Грданоски

Вели, таа, еднаш до два пати годишно е на режим на исхрана, на т.н. липосукциска диета, и веќе ослабела осум килограми, ама и требале уште пет-шест кила за да ја дотера линијата како за настапот на Евросонг во Баку, во 2012 година, кога настапи со „Црно и бело“ на Ромео Грил и се пласираше во финалето.  

Песните ги избирам со срце: Интервју со Калиопи, поп-ѕвезда

Иако како, дивата со стас , глас и најубавите поп-хитови, се  очекува да ги наполни сите простори каде и да настапува, за поп-ѕвездата е најважна публиката и енергијата што ја црпи од неа, без разлика дали е  сто илјадна или двеста души. 

-Но, го гледам ова во сабота како една Арена којашто ќе биде исполнета со многу луѓе и емоции и мислам дека ќе прашти од емоции и од љубов. Имам респект кон целото случување затоа што се надевам дека нема да согорам во тие емоции и ќе можам да ви се дадам онака како што ви се давам со години“, рече поп-ѕвездата пред голем број претставници од медиумите.

Фото: Б. Грданоски

Калиопи најави дека со поразлична гардероба ќе настапи од онаа на концертите во Битола и во Охрид, во нејзин стил, рече „немојте да очекувате мини здолниште и деколте“, а како гости ги најави, поранешниот нејзин сопруг, Ромео Грил, композитор на нејзините песни, кој вечер ќе допатува во Скопје, раперот Слаткаристика, со кого запеа во дуетската песна „Казна“ на новиот албум и Жељко Самарџиќ со кој Калиопи ја пее дуетската песна „Знам“. В сабота ќе ги исполни старите хитови кои веќе се евергрини, но и новите, од новиот албум, насловен „Албум“  со десет нови композиции кои веќе ја освоија Македонија и регионот. (Л.С.)