Слаб снег на планинскиот превој Буково, магла на патот Тетово-Лисец


Врнежи од слаб снег утринава има на планинскиот превој Буково, но според информациите од Авто Мото Сојузот на Македонија, тие во моментот не претставуваат пречка во одвивањето на сообраќајот.

Поради магла, намалена видливост до 20 метри има на патниот правец Тетово-село Лисец.

Во утринскиот извештај на „Авто Мото Сојузот на Македонија“ се наведува дека според  информација од „Македонијапат“ се уште е во прекин сообраќајот на патниот правец Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до браната Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен. Лесните патнички возила се пренасочуваат преку регионалниот патен правец  Кочани – Виница – Бигла – Делчево, а тешките товарни возила и автобуси преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.