Скулптурите на Жарко Башески на изложба во МАНУ

Ќе ни претставува чест доколку бидете наши гости на отворањето на самостојната изложба на Жарко Башески, професор на Факултетот за ликовни уметности, кое ќе се одржи на 15 септември (четврток) во 19 часот, во просториите на Македонската Академија на Науки и Уметности.
Во рамките на изложбата ќе бидат изложени скулптури од неколку циклуси. Публиката ќе има можност да погледне постари дела кои претходно не биле изложувани во Македонија, вклучително скулптури изложувани во Њујорк, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Мексико, како и сосема нови дела чиешто премиерно изложување ќе биде токму во МАНУ.
Изложбата ќе вброи скулптури изработени во мермер, полиестер и силикон.
Како куратор зад изложбата се потпишува Натали Рајчиновска Павлеска, а настанот ќе биде отворен со текст на академик Венко Андоновски.