Скулптура од 4 век п.н.е. пронајдена во канализација во Атина
Дел од статуетка на древниот бог Хермес, во добра, соочувана состојба, е пронајдена во центарот на Атина при работа во канализацијата.
Во известувањето на грчкото Министерство за култура, се вели дека главата на богот била најдена во петокот и се чини дека датира од крајот на 4-от или почетокот на 3-от век пред нашата ера. Статуата го прикажува Хермес во неговите „зрели години“, стои во соопштението на Министерството, за разлика од неговите вообичаени прикази како млад човек.
Откако се нашла во канализационата мрежа, главата во еден миг се заглавила во ѕидот на одводен канал.