Скопје за Кочани: Шест месеци институционален молк место правда

На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечерва се одржa собир во чест на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март оваа година. Настанот е организиран од иницијативата „Кој е следен?“, со цел оддавање почит кон загинатите и поддршка за нивните семејства и повредените.
Со ова, како што беше кажано вечерва, се оддава почит кон загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани и се дава поддршка кон нивните најблиски кои се соочуваат со огромна загуба. Поддршка е упатена и кон повредените, кои се во процес на рехабилитација, од несреќата што се случи пред шест месеци. Граѓани во центарот на Скопје можеa да остават и пораки до семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека.
„Шест месеци без правда во Кочани“
„Шест месеци институционален молк за Кочани“
“Тука сме за да оддадеме почит на жртвите во дискотетката „Пулс“ и да ги потсетиме институциите да си ја работат својата работа и дека од утре веќе нема да молчиме. “
“При секоја посета во Кочани родителите ни се благодарни заради тоа што не сме ги заборавиле. Да им покажеме на дека сме тука за нив и нема да ги заборавиме.„ – ова се дел од пораките кои ги испратија граѓаните собрани на плоштад „Македонија“ во Скопје.
Граѓаните оддават почит со молк и “ѕвездено небо“. Вакви мирни собири вечерва се организирани и во Кочани и Штип.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март годинава, зеде 62 жртви, а околу 200 лица се здобија со повреди и беа пренесени на лекување во болниците низ земјава и странство.
Фото: Б.Грданоски