Скопје во чест на Рафаела Кара – визуелно и емотивно патување преку живи уметнички инсталации на Бојан Ковски
Синоќешната изложба CARRA во Националната опера и балет беше вистински спектакл што обедини уметнички ентузијасти и љубители на културата, сплотени во почитта кон иконата Рафаела Кара. Настанот беше магичен, преполн со енергија и инспирација, при што публиката беше поканета на визуелно и емотивно патување преку живи уметнички инсталации кои го славеа нејзиниот дух на уметникот Бојан Ковски.
Изложбата прикажа 12 уникатни инсталации на живи модели, секоја посветена на различна песна на Кара, при што моделите станаа живописни платна кои го отелотворуваа ритамот и енергијата на нејзината музика.
Особено впечатлив момент беше финалната изведба, кога пред очите на присутните се создаде уметничко дело на последниот модел, носејќи го целиот простор во директна комуникација меѓу уметноста и публиката.
Настанот беше богат со визуелни и емоционални слоеви, комбинирајќи ги уметноста на телото и културното наследство на Кара со теми на слобода и индивидуалност. Овој настан беше заокружен со соработка на врвни фотографи и стилисти, кои ја истакнаа убавината и уникатноста на секоја креација.
Вечерта беше дополнително збогатена со DJ сетот на Flooder и Martin, како и со премиерната изведба на новата песна „Жена“ од Антонија Гиговска, која донесе уште еден емоционален слој на настанот.