Скопје уживаше во „Аида“ на Верди на отворено, под ѕвездите (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Во изведба на солисти, хорот и оркестарот на Националната опера и балет синоќа на плоштадот „Мајка Тереза“ на платото пред Националната опера и балет, беше изведена операта „Аида“ од Џузепе Верди, на отворено под ѕвездите, под диригентство на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев.

Фото: Б. Грданоски

Ремек делото „Аида“ е една од највеличествените оперски творби во музичката литература. Во музичка смисла „Аида“, според музиколозите е музичко чудо составено од мелодиска убавина и имагинативна оркестрација, накратко триумф на творечката имагинација.

Фото: Б. Грданоски

-Овој пат, заради состојбата со пандемијата и пропратните протоколи, грандиозната „Аида“ беше конципирана во поинакво руво, во скратена концертна верзија, со мошне внимателен избор на оркестарски и солистички фрагменти, притоа не нарушувајќи ја главната нитка на содршжинскиот набој, наведуваат од МОБ.

Фото: Б. Грданоски

Настапија солистите Благица Поп Томова, Зоран Сотиров, Даниела Дјакова од Бугарија, Игор Дурловски, Владимир Саздовски, Марјан Јованоски, Александра Лазаревска Василевски, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски