Скопје по петти пат ќе наздравува со виски во „Мериот“


 

Од 6 до 8 ноември, Боттега Евенти го организира 5-тото издание на Skopje Whiskey Fest, во хотел Мериот, од 19:00-00:00.

Ќе бидат понудени преку 90 етикети на виски пијалаци од повеќе дестилерии ширум светот, претставени од виски увозниците во земјава, кои посетителите ќе можат да ги дегустираат во текот на трите фестивалски дена. вклучувајќи американски бурбони, шкотско, ирско и јапонско виски. Освен виски дегустации, на Skopje Whiskey Fest посетителите ќе имаат можност да дегустираат и останати производи кои се комплементарни со овој пијалак.

Комичарот Никола Поповиќ-Ниџо ќе биде гостин со свое стендап шоу на настанот во Скопје .

Гостувањето на Поповиќ со шоуто „Стручњак за виски“ е на првиот ден од фестивалот, на 6 ноември. На 7 и на 8 ноември од 19.30 ќе се одржат неколку предавања за виски и гостување на диџеи и бендови во живо.На 6 ноември ќе настапи Полина Тасева со својот бенд, на 7 бендот „Саут парк“, на 8 „Вај нот“.

На 7 ноември музика ќе пушта диџеј Алек Сотиров, а на 8 ноември гостува диџеј Гест од Белград. 

Скопје виски фест по урнекот на светските метрополи започна во 2019, а неговата цел е да го подигне нивото на виски културата кај нас. 

Петтото издание ја продолжува традицијата на поддршка на виски културата во Македонија, со акцент на едукација, одржливост и хуманитарен карактер –хуманитарната аукција со отворени виски флаши се насочува кон поддршка на социјално загрозени категории.

Мастер класовите се клучен дел од образовниот сегмент на фестивалот и ќе ги водат интернационални амбасадори на виски од Полска и Романија.

Билетите за фестивалот се достапни на BePay.mk