Скопје ја виде Јелена Ѓоковиќ, еве што облече за гала настанот во Синеплекс

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, вчера беше во Скопје.
Таа најпрво се прошета низ центарот на градот и објави фотка на Инстаграм од плоштадот Македонија. Вечерта беше во киното Cineplexx и како претставник на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ го промовираше документарниот филм „The Wisdom Of Trauma“, кој го продуцираа тие, а ги најави и идните планови на Фондацијата.
На промоцијата на филмот во Скопје, Јелена дојде облечена во циклама панталони со висок струк и кошула, а носеше накитод нејзиниот омилен бренд Van Cleef & Arpels.
Гостувањето на Јелена во Скопје е дел од „Караванот на среќата“, со кој Јелена посети неколку града низ Србија и го промовира филмот „The Wisdom of Trauma“, а зборуваше и за хуманоста и помошта што ја споделуваат со нејзиниот сопруг, а зборуваше и за идните планови на фондацијата.