Скопје има фонтана за освежување, не за парички (галерија)

Деца од вчера ја отворија сезоната на капење во фонтаната во центарот на Скопје која прерасна во своевидна атракција меѓу Скопјани и странските туристи.

Фонтаната со години наназад во лето, напролет или наесен служи или за освежување или за украс, во неа не се фрлаат парички како во познатата фонтана Треви во центарот на Рим, Италија. Според урбаната легедна, секој странец кој ќе фрли паричка во неа, ќе дојде пак во Рим. Секој ден римските власти собираат по три илјади евра од фонтаната Треви. Кај нас освежувањето е бесплатно, и се уште неказниво. За хигиената, никој не прашува.
Фото: Борис Грданоски


