Скопје доби нов мурал во чест на големиот холандски уметник Карел Апел


Скопје доби уште еден мурал, мурал подарок во чест на големиот холандски уметник Карел Апел, насликан на домот на културата „Кочо Рацин“, чиј автор е уметникот Дени Румбл.

Подарокот е од амбасадата на Холандија во Македонија, која годинава ја одбележува 100-годишнината од раѓањето на Карел Апел, од чие дело бил инспириран Дени Румбл во создавањето на муралот во центарот на градот.