Скопје беше дел од единствено уметничко доживување – танцот се спои со дигиталната уметност на сцена во МНТ


Фото: Д. Перковски
Магичната фузија помеѓу дигиталната уметност и современиот танц ја воодушеви публиката вчеравечер, во МНТ, во рамките на затворањето на Танц Фест, во соработка со Францускиот институт во Скопје. 
 
Фото: Д. Перковски
Со „Myselves”, Компанијата К. Данс на публиката и приреди неповторливо искуство, комбинирајќи движење, слика и технологија — со цел задлабочување во човечката интроспекција. 
 
Фото: Д. Перковски
Оваа претстава совршено ги отелотворува уметничката извонредност и иновативниот дух на француската современа сцена, која продолжува да инспирира на меѓународно ниво.

Оваа извонредна танцова претстава беше дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. 

Фото: Д. Перковски

Со употреба на телесни и оптички сензори, танчерката нè внесе во единствено ументичко искуство каде површините за проекција стануваат портали кон невидливото, а виртуелните идентитети на изведувачот се појавуваат и исчезнуваат.

Фото: Д. Перковски
Уметничкиот директор на Танц Фест, Рисима Рисимкин,со францускиот амбасадор Ле Риголер/ Фото: Д. Перковски