Скопјани спонтано се организираат – нудат сместување за семејствата на повредените


Фото: Б. Грданоски

По големата несреќа во дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 лица, повеќето повредени се пренесени во скопските болници, а скопјани нудат сместување.

По социјалните мрежи се појавија повеќе објави во кои семејства, но и објекти кои имаат сместувачки капацитети нудат сместување за најблиските на настраданите кои се згрижени во болниците.