Скијањето во Бугарија оваа година ќе биде поскапо


Скијачката сезона во Бугарија оваа година ќе биде поскапа поради економската криза во туризмот и зголемените режиски трошоци за хотелиерите и сопствениците на скијачки објекти, изјави денеска директорот на скијалиштето „Пампорово“, Маријан Бељаков.

Тој додаде дека се противи на употребата на зелени сертификати при косритењето на ски-лифтовите наведувајќи дека 99 отсто од ски-лифтовите во земјата се од отворен тип и дека контролата на сертификатите направи голема организациски проблеми, пренесе „Новините“.

Според него, сѐ уште не се знае колку точно ќе поскапат услугите за скијање, но смета дека тоа нема да биде драстично зголемување.