Скијачката сезона во Нижеполе почнува денеска, во Маврово утре


Подготовка на патеките во Нижеполе

 

Во ски-центарот „Стрежево“ на Нижеполе на Пелистер започнува ски сезоната.  Денеска од 11 часот центарот најавува промотивно скијање за посетителите. На Нижеполе ќе има и дневно и ноќно скијање.

„Стартува претстојната скијачка сезона. ЈП ‘Стрежево’ ги спроведе сите технички подготовки и активности за непречен и успешен почеток на скијачката сезона. Патот е прооден, паркинзите и детскиот дел се исчистени од снежните навеви, а скијачките патеки се максимално подготвени за дневно и ноќно скијање“, соопштија од јавното претпријатие.

Ски-центарот на Нижеполе претставува вистинско уживање за љубителите на планината, белите спортови во која уживаат битолчани и сите други гости од регион. Билетите за скијање се исти како и минатата сезона.

Скијачката сезона во Маврово почнува утре, затоа што изминатиов викенд на патеките падна многу снег, 48 сантиметри. Скијањето утре ќе биде бесплатно. (А.Б.)