Ски центарот Равна Планина ќе ја гради првата затворена скијачка сала на Балканот


Ски центарот Равна Планина потпиша договор со реномираната кинеска компанија Eternal Star Ice & Snow Technology Co., Ltd. за изградба на првата затворена скијачка сала на Балканот.

Салата со површина од 16.000 метри квадратни, вредна над 20 милиони евра, ќе се гради во Пале и ќе користи обновливи извори на енергија.

Скијањето во текот на целата година наскоро ќе стане реалност – за професионалците, рекреативците и сите љубители на зимата“, велат од скијачкиот центар Равна Планина.

Свеченото потпишување се одржа на 14 април 2025 година во Амбасадата на Босна и Херцеговина во Пекинг, со присуство на претставници од двете страни, амбасадорот на Босна и Херцеговина во Кина и спортски претставници.

„Ова е историски чекор за развој на туризмот и спортот во регионот, а Равна планина дополнително се позиционира како дестинација број еден во текот на годината“, заклучуваат оттаму.