Скендер Реџепи ќе гласа само за разрешувањето на Беким Сали

Независниот пратеник Скендер Реџепи Зејд упати критики кон лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, велејќи дека не може да се дозволи само заради Министерството за здравствои Беким сали да „изгори“ цела партија. Зејд, кој по напуштањето на Алтернатива во јуни минатата година дејствува како независен во парламентот, синоќа во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека на собраниската седница за реконструкција на Владата ќе го поддржи само разрешувањето на актуелниот министер за здравство Беким Сали. Реџепи е дециден дека нема да го поддржи предложеното разрешување на другите двајца министри од оваа партија, а додаде дека нема да гласа „за“ ниту за предложеното разрешување на дел од актуелните заменици-министри во Владата.
„Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство, без сомнение, бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива е недостигот на политичка волја. Другите министри никогаш нема да ги гласам за разрешување.Сите тие директори и министри политички да ги елиминираш затоа што некој твој близок од твојата група не успеал да постигне и да преживее на политичката сцена“,порача Реџепи.
Но, тој најави дека ќе ја поддржи реконструкцијата на Владата бидејќи е дел од владиното мнозинство.
„Ако од мене зависи јас да бидам 61-от глас за разрешување на министрите од Алтернатива, освен за Беким Сали, јас нема да гласам тие да бидат разрешени. Ќе се сретнам со премиерот Димитар Ковачевски и ќе ги кажам забелешките и условите што ги имам. Откако ќе ги соопштам забелешките и условите ќе гласам за реконструкција на Владата, бидејќи јас сум дел од парламентарното мнозинство. Имам забелешка за предлогот за избор на еден министер но тоа ќе го кажам од собраниската говорница – порача Реџепи.