Скандал во Бугарија: Советници на Каракачанов и Борисов се вакцинирале преку ред


Вакцинацијата против КОВИД-19 во Бугарија предизвика скандал откако медиумите објавија дека советници од власта се нашле приоритетно на листата место здравствени работници. Скандалот се случи во Сандански, во него се инволвирани  (барем) три политички партии, стигна до министерот за здравство и покрена голем број прашања за ефикасноста на владиниот план за вакцинација. 

Според планот за вакцинација против КОВИД-19, работниците во здравствениот сектор  треба да се имунизираат како приоритет (тие се во т.н. прва фаза). Сепак, на 9 јануари четворица општински советници беа вакцинирани во Сандански: Николај Шаламанов (ВМРО), Петар Додушев (ГЕРБ), Јанко Ангелов (Земјоделски народен сојуз, НФСБ), Јулијан Ефендијски (Земјоделски сојуз „Ал. Стамболијски“).Во исто време, тие медицинските лица што работат во болниците, општите лекари, фармацевтите, стоматолозите не беа опфатени.

Заменик-градоначалничката Павлина Караџова (ГЕРБ) рече дека причината за промена на приоритетите е тоа што „повеќето медицински лица биле заразени од   КОВИД-19 во последните 2- 3 месеци и во оваа фаза тие сакале да се воздржат од вакцинација “. Но, два дена подоцна  Илија Тонев, управител на болницата Југозападен (што е општинска сопственост), објави малку поинаква верзија за трите национални телевизии. Според него, им било предложено на општинските советници да бидат имунизирани откако регистрираните медицински лица не дошле на закажаниот ден и време за вакцинација. Па, немало смисла да дозволат да пропаднат вакцините бидејќи тоа ќе се слулчи со нив ако бидат вратени според процедурата или неискористени веднаш.

“Околу 30 лица не се појавија. Она што успеавме да го сториме е да побараме помош од општина Сандански, бидејќи има можност да воспостави комуникација со општите лекари, стоматолозите, медицинскиот персонал во градинките. Болницата е само дел од здравствениот систем на регионот “, тврдел д-р Тонев за БНТ.

Засега, не е познато  надвор од четворицата вакцинирани општински советници, за кого биле користени преостанатите околу 30 дози вакцини бидејќи не сбиле вратени во Регионалниот здравствен инспекторат (РХИ) во Благоевград. 

Се потврди сепак дека според процедурата раководството на болницата требало да ги врати останатите вакцини на Здравствениот инспекторат во Благоевград каде што имало медицински лица кои сакаат да бидат имунизирани.

„Ако се докаже дека е прекршен редоследот за вакцинација, сите службеници од системот на Министерството за здравство, одговорни за спроведување на планот во регионот, ќе претрпат најстроги санкции“, се закани министерот за здравство Ангелов откако скандалот излезе во јавноста.