Ситуацијата со ковидот во Србија е катастрофална, вели познатиот епидемиолог Радовановиќ


Реално во Србија дневно умираат од 120 до 150 луѓе, а не како што соопштуваат властите по 50, вели Зоран Радовановиќ. Денес веќе не е време за мерки, туку за плачење и очај, вели тој

 

Епидемиологот Зоран Радовановиќ за телевизијата Н1 изјави дека моменталната епидемиолошка ситуација во Србија е на „катастрофална граница“, и дека некој од владата ќе треба да сноси одговорност за тоа. „Реално е дека во нашата земја секој ден умираат меѓу 120, 140, 150 луѓе. Тоа се криеше цело време“, истакна Радовановиќ.

„Денес веќе не е време за епидемиолошки мерки, туку за плачење, очај и прашање на одговорност. Мерките требаше да бидат дизајнирани и применети летово, кога тој бран почна да расте. Беше јасно дека бројот на пациенти ќе се зголеми на крајот на летото и почетокот на есента и дека е неопходно да се преземат мерки. Никој не беше заинтересиран за тоа, особено здравствените власти беа пасивни. Се чини дека нема разбирање меѓу колегите во Кризниот штаб, се чини дека тие разбираат оти се само советодавно тело“, рече тој.

Тој додава дека прашањето за нивниот интегритет е поставено дури пред само десетина дена и дека пред тоа немало никакви информации за дисхармонија и несогласување во тоа тело.

„Тие дејствуваа едногласно и добивме информации дека одлуките се донесуваат со консензус, што и да значи тоа. Значи, таа мала нервоза кај лекарите се појави кон средината на септември, а потоа го поставивме прашањето за одговорност за таквата трагична ситуација. Некој треба да одговара за тоа“, посочи Радовановиќ.

Коментирајќи ги коментарите на главниот епидемиолог Предраг Кон, тој рече дека тој и неговите колеги можеле да реагираат многу пати, но тие не реагирале. Радовановиќ рече дека тие се директно одговорни за вториот бран на корона вирусот што се случи минатото лето.

Тој потсетува дека некои земји избегнаа нагло зголемување на бројот на пациенти со воведување строги мерки, како и дека тие се во подобра ситуација од Србија.

„Има земји кои поминале сто пати, илјада пати подобро од нас. Тоа што тие го правеа го пишува во учебниците. А ние не го направивме. Ова се претежно земји на Далечниот Исток… Кога ќе примените оптимални анти-епидемиски мерки, тогаш остатокот од населението живее и работи мирно. И нема причина економијата да страда. Значи таа дилема е здравје или економија е лажна“, рече радовановиќ.

Тој смета дека „фалсификувањето податоци е посебен срам“.

„Јасно е дека минатата година починале 10.356 луѓе, а не 3.250, тоа е тројна разлика. Како може да е помалку од 9.000 сега? Тоа е и потценување на граѓанството и здравиот разум. Тоа е она што најмногу ги повреди многу мои колеги… Реално е дека помеѓу 120, 140, 150 луѓе умираат секој ден во нашата земја. Тоа беше скриено цело време“, рече Радовановиќ.

Тој ја илустрираше оваа проценка со повици од доктори од внатрешноста, кои своевремно му кажувале дека во тој ден починале пет лица, а официјалните податоци за цела Србија беа дека истиот ден починале само пет лица.

„Затоа најголемата одговорност на Кризниот штаб е – нема земја каде што се скриени толку многу податоци, каде што не можете да добиете ниту основни информации“, истакна Радовановиќ.

Тој додаде дека „цел Ниш знаеше дека четири, пет пати повеќе луѓе умираат отколку што официјално се тврдеше“.

Инаку, денеска во Србија се регистрирани 6.930 нови позитивни случаи од 23.660 тестови, што изнесува 29,2 ортсто од сите примероци. Починале 53 лица, со што вкупниот број на смртни случаи е 8.841. Хоспитализирани се 6.591 лица, а на респиратори се 269 пациенти.