Сите му дадоа поддршка на Зеленски, Мицкоски отиде по мислење кај Орбан


Два дена откако претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс  изведоа срамно сценарио во Белата куѓа при посетата на украинскиот лидер Володомир Зеленски, од Владата нема ни став ни глас. 

Иако постојано повторуваат дека се за мир во Украина и дека ја осудуваат руската воена агресија, откако сите лидери почнаа да му даваат поддршка на Зеленски околу пораката на Трамп „ве оставаме сам“, премиерот со надлежните министри отидоа во Унгарија, покрај другото веројатно и за да им кажат став.  

Во Лондон Зеленски денес беше пречекан со овации и како херој, а директна  поддршка му дадоа премиерите на Полска, Шпанија,Шведска,Естонија и многу други кои истакнаа дека Украина не е сама и стојат зад неа. Вчера се одржаа и протести во САД, само кај нас атмосферата е дека „не сме од тука“, откако седењето на две столици почна да станува неудобно.

Единствениот став што го кажа денес премиерот беше за празникот Прочка, при што пригодно порача дека „во брзината на секојдневието, често пати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме напред со чисто срце“, а јавноста треба да погодува на што се однесува тоа и дали воопшто има некаква поента.