„Систем на сетилности“ од Елизабета Костадиновска Линднерасловна
Во Културно информативниот центар – Скопје, вечер ќе биде промовирана збирката раскази „Систем на сетилности“ од Елизабета Костадиновска Линднер во издание на АНТОЛОГ. Книгата ќе ја промовира Радмила Ванкоска, а извадоци од книгата ќе чита авторот.
Костадиновска Линднер е двојазична авторка на македонски и на германски јазик, повеќејазична поетеса, интердисциплинарна уметница, мултимедијален изведувач на поетски и експериментални перфоманси. Уредник е на онлајн-списание и книжевни изданија, преведувач, куратор, уметнички директор и издавач. Живее и работи во Берлин од 2006 година.
Родена во Скопје, каде дипломирала германски јазик и книжевност и славистика, а магистрирала во Регенсбург. Од германски на македонски јазик превела триесетина книги проза и поезија, а за својата преведувачка дејност има добиено неколку награди и признанија, како и бројни стипендии и резиденции. Пишува и преведува поезија на три јазика, пишува есеи, раскази и критички размисли на македонски и германски јазик и сама ги преведува своите дела.
„Систем на сетилности“ e збирка раскази која опфаќа тринаесет текстови, а настанот е дел од културната понуда на Град Скопје Европска престолнина на културата 2028.