Сириско момче се снима под урнатините: „Не знам дали ќе преживеам“


 

На социјалните мрежи осамна снимка од сириско момче кое завршило под урнатините на зграда по земјотресот.

„Го снимам ова видео, не знам дали ќе преживеам или ќе умрам. Ако се подели ова видео, значи сум преживеал3, вели тој во видеото.

„Не можете да го знаете ова чувство ако ова не сте го доживеале. Ова може да го разберат само оние кои еднаш биле под урнатините“, вели на снимката, па додава дека во зградата во која живеел пред земјотресот имало уште три-четири семејства.

Сириските власти уште не објавиле дали успеале да го спасат момчето.

Спасувачките екипи уште работат на спасување на жртвите во Турција и во Сирија, а последните бројки покаќуваат дека има над 11.000 загинати.