Синот на Стив Џобс промовира сопствен инвестициски фонд, еве во што ќе инвестира


Рид Џобс, син на ко-основачот на „Епл“ (Apple), Стив Џобс, го лансираше „Јосемит“ (Yosemite), инвестициски фонд вреден 200 милиони долари наменет за лекување на рак, пишува Пословни дневник.

Џобс го именуваше својот фонд по националниот парк каде што се венчаа неговите родители, а инвеститори во фондот се Центарот за рак Меморијал Слоан Кетеринг, Универзитетот Рокфелер и М.И.Т.

– Татко ми ја загуби битката со ракот додека јас студирав на Стенфорд – изјави Рид.

– Бев на пат да станам доктор за сам да ги лекувам луѓето. Но, искрено, откако татко ми почина, ми беше многу тешко – додаде тој.

Концептот на „Јосемит“ е инвестиции во нови технологии за лекување на рак.