Синот на Мерко купил автомобил од 150.000 евра, тврди Алијансата
Алијансата за Албанците објави денес соопштение во кое тврди дека синот на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, купил нов автомобил кој може да чини од 130.000 до 150.000 евра.
-Додека ние, обичните граѓани, праќаме честитки за новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на “Бермудскиот тријаголник” од Струга, на стружаните среќна нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра.
За да купи таков автомобил работник со просечна плата од 400 евра треба да работи од 27 до 33 години. Препотенцијата на луксот што синот на градоначалникот им ја покажува на стружани со нов автомобил кој чини можеби околу 150.000.000 евра, сама по себе говори за целите и перспективата што неговиот татко ги донесе на Струга. За да се знае колку е деградирана една власт, доволно е да се погледне како живеат нивните наследници, кои без ниту еден ден работа во животот му кажуваат на обичниот граѓанин колку се богати и силни, порачаа од Алијансата.