Синот на Крсто Мукоски загина во сообраќајка
Семејството на поранешниот пратеник Крсто Мукоски го зафати голема трагедија откако нивниот 19-годишен син Милан ноќеска загина во сообраќајна несреќа во близината на Вевчани во автомобилот што го возел.
„На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило ‘ауди’ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга“, велат од МВР.